Connect with us

Елмас: Сакам да покажам дека вредам, Спалети ми влева голема самодоверба

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на одличен начин ја стартуваше новата сезона во Серија А. Постигна погодок во триумфот на Наполи (2-0) против Венеција, иако влезе во средината на првиот дел, по повредата на Зиелински.


„Тука сум веќе трета година и сакам да го покажам најдоброто од себе, сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе. Среќен сум за голот, но најважно е што дојдовме до победата на овој тежок натпревар. Спалети ми влева лично многу голема самодоверба“, изјави Елиф Елмас.


Тој потенцираше дека капитенот Лоренцо Инсиње и Ирвинг Лозано се одлични фудбалери од кои секогаш има што да се научи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови