Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас побарал од тренерот Лучијано Спалети и раководството на Наполи следната сезона да има многу поголема минутажа во дресот на Наполи. Во спротивно, подготвен е да разгледа една од понудите кои се пристигнати на негова адреса, тврдат италијанските медиуми.
Фиорентина и Валенсија се клубовите заинтересирани да го ангажираат Елмас, кој, сепак, има актуелен договор со „наполитанците“.
Минатата сезона Елмас одигра голем број натпревари, но многу често стартуваше од клупата за резерви. Тој смета дека во претстојната сезона треба да се изгради како стандарден првотимец на Наполи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski