Connect with us

Елмас го пропушта дуелот со Ливерпул

Елиф Елмас дебитираше за Наполи на дуелот со Кремонезе и се очекуваше да настапи и на утрешната пресметка со Ливерпул, но македонскиот ас сепак нема да излезе на мегдан со актуелниот европски шампион.

Тренерот Карло Анчелоти не го вклучи Елмас на листата со патници за Шкотска, во експедицијата на „наполитанците“ што попладнево ќе полета кон Единбург.

„Екипата ќе полета за Единбург, каде утре со почеток во 18 часот ќе игра со европскиот првак Ливерпул во првиот меѓународен тест летово. За Единбург нема да патуваат Елмас, Малдуит и Тонели“ – објави Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови