Торино ја продолжи импресивната форма во Серија А, триумфирајќи со минимални 1-0 против Емполи и одржувајќи ја серијата од четири натпревари без пораз.
Иако првото полувреме помина без голови и со поголема иницијатива на гостите, „биковите“ ја презедоа контролата во вториот дел. Клучниот момент се случи во 70. минута, кога хрватскиот ас Никола Влашиќ погоди за водство и победа на домашниот терен. Торино постигна уште еден гол, но истиот беше поништен по ВАР-интервенција.
⚽️ GOAL: Vlasic
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 15, 2025
🇮🇹 Torino 1-0 Empolipic.twitter.com/cMa2Wr0YpN
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра важна улога во успехот на својот тим. Тој беше стартер и остана на терен до 83. минута, кога беше заменет од Јан Карамо.
Со оваа победа, Торино се искачи на 11. место со 38 бодови, а во следното коло ќе се соочи со Лацио на гостински терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













