Интер и Наполи одиграа возбудливо 2-2 реми на „Џузепе Меаца“ во Милано, во големиот дуел од 20. коло на Серија А, натпревар кој уште еднаш ја потврди напнатата трка за титулата оваа сезона.
Домаќините рано поведоа, веќе во деветтата минута, кога Димарко ја заврши ефектната акција на „нероаѕурите“. Додавањето помеѓу Лоботка и Мектоминеј не беше најпрецизно, а Лаутаро го проигра Турам на десната страна. Французинот го пронајде Димарко од втор план за 1-0, отворајќи ја драмата на „Меаца“.
Наполи одговори брзо. Во 26. минута, комбинација по левата страна меѓу Спинацола и Елмас заврши со прецизно додавање на македонскиот репрезентативец до Мектоминеј, кој од блиску израмни на 1-1.
Македонскиот „дијамант“ повторно покажа зошто е клучен за офанзивата на гостите, со прецизно додавање за погодок.
Првото полувреме продолжи со шанси и за двата тима, но резултатот остана непроменет. Второто полувреме започна со поголем притисок на Наполи, кој имаше неколку добри прилики, но не успеа да постигне гол.
Интер повторно се врати во водство во 73. минута по контроверзен пенал. Резервистот Мхитарјан беше соборен во шеснаесетникот по дуел со Рахмани, судијата Довери првично не свиреше, но по интервенција од ВАР одлучи да покаже на бела точка. Хакан Чалханоглу без проблем го реализираше пеналот за 2-1, а Антонио Конте доби црвен картон по жестоката реакција на одлуката.
Наполи не се предаде и во 81. минута успеа да израмни. Политано центрираше по десната страна, Ноа Ланг успеа да ја насочи топката кон Мектоминеј, кој со прецизен волеј постави 2-2 и донесе голема радост кај гостинската клупа.
Во еден од последните напади на Интер во 93. минута, Мхитарјан го погоди дирекот, а натпреварот заврши без победник.
Со овој резултат, Интер останува лидер на табелата со 43 бода, додека Наполи е трет со 39, што ја остава борбата за Скудето отворена и неизвесна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













