Connect with us

Елиф Елмас доби „шестка“ во оценувањето на сезоната за Наполи во Серија А

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е оценет со „шестка“ од италијанските медиуми во анализата за завршената сезона во Серија А. Сепак, тоа е најдобрата сезона за Елмас откако во летото 2019 за 16 милиони евра дојде од Фенербахче.


Елмас даде седум гола и имаше пет асистенции, учествуваше во 46 од можните 47 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, а Серија А постигна три гола и имаше четири асистенции на 37 меча.

Одличен беше во Лига Европа, постигна четири гола и забележа една асистенција на осум натпревари. Сепак, Наполи не успеа во трката за „скудетото“ и оваа сезона не освои трофеј.

Само тројца фудбалери се оценети со натпросечна оценка – Виктор Осимен (7,0), Марио Руи (7,5) и најдобриот сезонава, Џовани Ди Лоренцо (8,5).

Ѕвездите Лоренцо Инсиње, Дрис Мертенс, Калиду Кулибали беа за нијанса подобро оценети (6,5) од Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови