Сараево приреди спектакуларен пресврт на гостувањето кај Широки Бријег и славеше со 1-2 во дербито од петтото коло во босанската Премиер лига, а херој на гостите беше македонскиот интернационалец Агон Елези, кој погоди во шестата минута од судиското продолжение.
По првото полувреме без голови, Сараево доби идеална можност да стигне до предност во продолжението. Во 58. минута беше досуден пенал за гостите, но Баришиќ не успеа да ја реализира најдобрата шанса за својот тим.
Казната стигна во 80. минута. Гуедеш се избори за простор и со силен удар ја затресе мрежата на Сараево за водство на Широки Бријег од 1-0.
Сепак, гостите не се предадоа и во самиот финиш направија целосен пресврт.
Во 90. минута Карабаљо реагираше најдобро по една одбиена топка и погоди за 1-1, а само неколку минути подоцна Сараево стигна до целосен пресврт.
Во 96. минута на сцена стапи Агон Елези. Македонскиот репрезентативец ја затресе мрежата на домаќините за 1-2 и предизвика ерупција на радост кај гостинскиот тим. Погодокот дополнително беше проверуван од ВАР-собата, но на крајот беше потврден.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













