Еден од најдобрите напаѓачи во последните неколку децении, Уругваецот Единсон Кавани, или популарниот Ел Матадор, одлучи да стави крај на богатата фудбалска кариера.
Во емотивна порака тој му се заблагодари на фудбалот за сè што му даде во животот.
„Ти благодарам, фудбалу. Ме обликуваше, ме предизвикуваше, ме научи повторно да станувам кога ќе паднев и да го ценам секој чекор од патувањето. Ми овозможи да ги остварам соништата кои, како дете, ми изгледаа невозможни, како и да запознаам неверојатни луѓе и на теренот и надвор од него. Ништо од ова немаше да биде можно без моето семејство, моите пријатели, моите соиграчи, тренерите и, пред сè, навивачите. Љубовта што ја добив од нив, во секоја земја и во секој клуб, е нешто што ќе го носам со себе засекогаш. Заминував во мир, со спокојството дека дадов сè на секој тренинг и на секој натпревар – со грешки, со успеси, но секогаш со почит кон оваа професија што ми даде толку многу“, напиша Кавани.

Уругвајскиот ас ја започна кариерата во Данубио, а европската фудбалска јавност го запозна преку настапите за Палермо. Со одличните игри во Наполи обезбеди трансфер во Пари Сен Жермен, каде ги имаше најуспешните години. Во текот на кариерата настапуваше и за Манчестер јунајтед и Валенсија, а негов последен клуб беше Бока Јуниорс.
За репрезентацијата на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња













