Connect with us

Ел Каби ја „исече“ Замбија со нови „ножички“ (ВИДЕО)

Мароко со сигурна и доминантна игра ја совлада Замбија со 3-0 во Рабат, со што го запечати првото место во групата и обезбеди место во осминафиналето на Африканскиот куп на нации.

„Лавовите од Атласот“ ја оправдаа фаворитската улога, а централна фигура на натпреварот беше феноменалниот Ајуб Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос уште еднаш ја маѓепса публиката, постигнувајќи го својот втор погодок со „ножички“ на турнирот и потврдувајќи дека се наоѓа во извонредна форма.

Ел Каби го отвори резултатот во деветтата минута по одличното додавање на Унахи, а во 50. минута следуваше моментот што ќе се памети – атрактивен удар по нова асистенција од фудбалерот на Жирона. Иако ВАР-проверката траеше подолго, голот беше признаен и уште еден спектакуларен погодок заврши во неговата богата колекција.

Своја вечер имаше и Брахим Дијаз, кој освен што погоди во 27. минута, беше диригент на играта и целосно го контролираше ритамот, за што беше награден со аплаузи при напуштањето на теренот.

Во завршницата на средбата, по повредата се врати и Ашраф Хакими, кој ги забележа првите минути на турнирот и уште еднаш ја потврди својата важност за националниот тим.

Место во осминафиналето избори и селекцијата на Мали, која по третото реми на турнирот – овојпат без голови против Коморските Острови – обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови