Connect with us

Екс-тренерот на Академија Пандев на печалба во Кувајт

Поранешниот тренер на Академија Пандев, Југослав Тренчовски, заминува на печалба во Кувајт. Тој ќе стартува интернационална кариера во Ал Араби. Ќе биде посветен на работата со фудбалската академија на клубот, а ќе го подготвува и Б-тимот на Ал Араби.


Првиот тим на овој клуб го предводи хрватскиот стратег Анте Мише.

Тренчовски во досегашната тренерска кариера беше на кормилото на Академија Пандев, го предводеше и Хоризонт Турново, а своевремено беше и селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови