Connect with us

Екс-играч на Интер уапсен откако си ја нападнал сестрата

Алжирецот Исак Белфодил е уапсен во Париз поради насилство врз неговата помлада сестра, која има 15 години, објавија француските медиуми повикувајќи се на извор од полицијата.

31-годишниот фудбалер е испрашуван од органите на прогонот и обвинет по расправија со неговата сестра која ја оставил со траги од гушење на вратот.


Белфодил моментно игра за катарскиот клуб Ал-Гарафа и има 19 настапи и два гола за репрезентацијата на Алжир од 2013 година, а последен пат играше за својата земја во март минатата година.

Тој е од школата на Пари Сен Жермен, а потоа промени голем број тимови во кариерата, како Лион, Интер, Болоња, Парма, Вердер, Хофенхајм и Херта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови