Connect with us

Ех, времиња – Цементарница 55 прослави 20 години од освоениот Куп

Некогаш беше тоа супер-тим. Знаеја да му го загорчат животот и на најтрофејниот Вардар. Поминаа цели 20 години откако Цементарница 55 го освои фудбалскиот Куп на Македонија, а поголем дел од членовите на таа генерација се собраа и вечерва, во култната „Спортска Меана“, да го прослават јубилејот и да ги освежат спомените на едно убаво време, кога овој клуб беше прволигаш и играше видна улога на домашната фудбалска сцена.

Зоран Стратев, Тони Јакимовски, Гаге Стефановски, Жанко Савов, Горан Христовски, Златко Таневски, Никола Глигоров, Аце Толески, Ристе Наумов, Горан Трпковски, Дејан Цветковски, Влатко Спасовски…повторно се собраа за да ги оживеат спомените за Цементарница 55.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови