Египетскиот репрезентативец Мостафа Зико крена прашина во јавноста по елиминацијата на неговата репрезентација од Светското првенство. По драматичниот натпревар во осминафиналето против Аргентина, огорчениот напаѓач изнесе тешки обвинувања на сметка на судењето и регуларноста на турнирот.
„Им ја честитам на Аргентина победата на Светското првенство. Чист наместена работа од турнир, ништо друго не им ни требаше. Судијата беше неправеден, неправеден, неправеден, неправеден“, изјави Зико по натпреварот.
Египет имаше сензационално водство од 2-0, а токму Зико беше стрелец на еден од погодоците. Сепак, Аргентина во продолжението направи голем пресврт и славеше со 3-2.
Натпреварот го одбележаа две спорни ситуации. Првата се случи во 58. минута, кога Египет за кратко поведе со 2-0, но судијата Франсоа Летексие, по проверка на ситуацијата на екранот покрај теренот, го поништи погодокот.
Египќаните во 58. минута изведоа брза контра. Хасан помина по десното крило и го пронајде Салах, кој ја проследи топката до Мостафа Зико. Тој погоди за 2-0, но славењето не траеше долго.
ВАР го повика Летексие да го прегледа почетокот на акцијата. Францускиот судија утврди прекршок врз аргентинскиот стопер Лисандро Мартинез на самиот почеток на акцијата и го поништи голот на Египет. Одлуката предизвика незадоволство кај египетските играчи и навивачи.
Зико осум минути подоцна повторно постигна гол, а овојпат голот беше регуларен.
Уште една спорна ситуација му претходеше на третиот погодок на Аргентина.
Мохамед Салах падна во шеснаесетникот на Аргентина по дуелот со Хулијан Алварез, по што Египќаните бараа пенал. Судијата веднаш покажа играта да продолжи, а Аргентина од контранапад постигна гол за победа.
Судиите во ВАР-собата сметаа дека нема елементи за најстрога казна и не го повикаа дополнително Летексие.
Таа одлука веќе предизвика хаос покрај аут-линијата. Двајца египетски играчи добија по жолт картон, а помошниот тренер заработи и црвен картон. Египќаните до крајот се обидуваа да израмнат, но не успеаја и испаднаа од турнирот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













