Египет стана петтиот учесник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва во Агадир по продолженија го совлада незгодниот Бенин со 3-1. Регуларниот дел заврши без победник (1-1), а „фараоните“ ја потврдија фаворитската улога дури во дополнителните 30 минути.
Со еден од најофанзивните состави на турнирот, Египќаните влегоа во дуелот како големи фаворити, решени да направат чекор напред во однос на претходните два шампионати, каде токму во оваа фаза го завршуваа настапот.
Најактивен на стартот беше Омар Мармуш, кој уште во осмата минута се најде очи в очи со голманот на Бенин, но не успеа да реализира. Напаѓачот на Манчестер сити и подоцна имаше уште една изгледна можност, но повторно без завршница.
Првото полувреме помина во поспор ритам и без многу возбудувања, но продолжението донесе далеку поофанзивна и поинтересна игра. Египет прв се закани, а вистинско чудо беше како ударот на Рами Рабија од непосредна близина не заврши во мрежата.
Бенин постепено стануваше похрабар, а во 65. минута Жодел Досу се обиде да изненади, но неговиот удар беше преслаб за голманот на Египет.
Сепак, во 70. минута Египет стигна до водство. По убава акција во која учествуваше и Мохамед Салах, Марван Атија постигна фантастичен гол – прв во дресот на националниот тим.
Кога се чинеше дека „фараоните“ мирно ќе го приведат мечот кон крај, Бенин израмни во 83. минута. По една мешаница во шеснаесетникот и несреќна интервенција на Ел Шенави, Досу ја испрати топката во мрежата за 1-1.
Регуларниот дел заврши без победник, па следуваа продолженија. Веќе по седум минути од дополнителното време, Египет повторно поведе – Јасер Ибрахим одлично скокна по корнерот на Атија и со прецизен удар со глава погоди за 2-1.
Атија беше еден од клучните играчи на мечот, а во самиот финиш победата ја запечати и Мохамед Салах, кој во последната минута погоди за конечни 3-1 и пласман на Египет во четвртфиналето – првпат по 2021 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата













