Connect with us

Египет е последниот полуфиналист на АКН (ВИДЕО)

Египет е последниот учесник во полуфиналето на Африканскиот куп на нации што се одржува во Мароко, откако вечерва со 3-2 ја совладаа селекцијата на Брегот на Слоновата Коска.

„Фараоните“ рано поведоа преку Мармуш уште во четвртата минута, а Рабија во 32. минута ја зголеми предноста на 2-0.


Пред крајот на првото полувреме, Брегот на Слоновата Коска се врати во игра со автоголот на Фату за 2-1.


Во 52. минута Мохамед Салах повторно донесе комфорна предност за Египет со гол за 3-1, додека конечните 3-2 ги постави Дуе во 73. минута, само ублажувајќи го поразот на „слоновите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови