Поминаа точно десет години од моментот кој е најсреќниот во историјата на секој навивач на Лестер.
Екипата, на која ѝ се даваа минимални шанси за опстанок во Премиер – лигата, во 2016 година ја освои титулата, еден од најголемите спортски шокови не само во историјата на лигата, туку и во светскиот фудбал. Подоцна додадоа и трофеј од ФА купот, а претходно имаа и настапи во Лигата на шампионите.
Сепак, испаѓањето во Чемпионшип веќе беше големо изненадување, но она што може да се случи утре би било вистинска катастрофа.
Имено, точно десет години по освојувањето на титулата, Лестер би можел да испадне во уште понизок ранг – третата лига, односно Лига 1 – доколку не го совлада Хал Сити.
Дури и победа не им гарантира опстанок, бидејќи доколку ВБА, Блекбурн и Чарлтон Атлетик бидат успешни, ситуацијата може дополнително да се искомпликува. Воедно, треба да се надмине и Милвол, кој се бори за пласман во Премиер лига.
Навивачите се крајно незадоволни, а во клубот веќе има и тензии и конфликти меѓу дел од фудбалерите и поддржувачите.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













