Напаѓачот на Фиорентина, Един Џеко, е на излезна врата од Фиренца и со спакувани куфери го чека својот камбек во Германија. Искусниот фудбалер од Босна и Херцеговина веќе ја прифатил понудата од Шалке и во иднина ќе го носи дресот на клубот од Гелзенкирхен, каде што се очекува да донесе големо искуство и лидерство во нападот.
Џеко летово пристигна во Фиорентина од редовите на Фенербахче, но не успеа да се избори за поголема минутажа во силната конкуренција кај „виолетовите“. Недоволната шанса за настапи беше клучната причина поради која босанскиот репрезентативец побара нов предизвик и средина во која ќе има позначајна улога.
Иако во изминатиот период се шпекулираше дека неговата кариера би можела да продолжи во Париз, на крајот Џеко одлучи да се врати во Германија, каде што веќе остави силен печат. Шалке, кој е во фаза на градење на конкурентен тим за враќање во елитата, веќе го очекува неговиот потпис и официјална потврда на трансферот.
Џеко по пауза од 15 години повторно ќе заигра во Германија. Од 2007 до 2011 година тој настапуваше за Волфсбург, со кој ја освои титулата шампион на Германија и се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Потоа следеше импресивна интернационална кариера со настапи за Манчестер Сити, Рома, Интер, Фенербахче и Фиорентина.
На репрезентативен план, Џеко е вистинска легенда на Босна и Херцеговина. За националниот тим има одиграно 146 натпревари и постигнато 72 голови – ефект што тешко дека ќе биде надминат и кој го вбројува меѓу најголемите фудбалери во историјата на земјата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













