Во својата 23. професионална сезона, Един Џеко ќе продолжи да настапува во Бундес-лигата. Искусниот напаѓач го продолжи договорот со Шалке 04 и ќе го носи дресот на клубот од Гелзенкирхен и во следната сезона.
По успешната полусезона во редовите на „кралско-сините“, капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина потпиша нов едногодишен договор со Шалке.
Џеко од утре ќе им се приклучи и на соиграчите на подготовките. Ова лето со репрезентацијата на Босна и Херцеговина настапи на своето второ Светско првенство, прво по Мундијалот во 2014 година.
По доаѓањето од Фиорентина во јануари, Џеко беше еден од клучните играчи во походот на Шалке кон пласман во Бундес-лигата. На 11 натпревари постигна шест гола и забележа три асистенции.
EDIN DŽEKO bleibt Schalker! 💙
— FC Schalke 04 (@s04) August 3, 2026
Nach einer erfolgreichen Rückrunde für den #S04 unterschrieb @EdDzeko einen neuen Ein-Jahres-Vertrag und läuft im 23. Profijahr wieder in der @Bundesliga_DE auf! ⚽️
Schön, dass du bei uns bleibst, Edin! 😊 pic.twitter.com/xJlpFAZdNW
„Един за нешто повеќе од четири и пол месеци во Шалке донесе нешто посебно. Беше лидер на тимот, миленик на навивачите и пример за сите, како на теренот така и надвор од него. Во разговорите што ги водевме во последните недели стана јасно дека тој сè уште има огромна желба и мотивација. Убедени сме дека ќе ни помогне и во Бундеслигата. Един останува во Шалке и мислам дека тоа е одлична вест“, изјави директорот за професионален фудбал на Шалке, Јури Мулдер.
И Џеко не ја криеше својата желба да продолжи да настапува за клубот.
„Од зимата наваму во Шалке најдов одличен тим и фантастични навивачи. Пласманот во Бундес-лигата е еден од најубавите моменти во мојата кариера. Фудбалот цел живот ме прави среќен и ми дава мотивација. Сè уште сум гладен за успеси и сакам да му помогнам на тимот и во Бундеслигата“, порача Џеко.
Капитенот на Босна и Херцеговина и во новата сезона ќе го носи дресот со број „10“ на Шалке.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













