Connect with us

Един Џеко на Мундијалот ќе игра во копачки дизајнирани од Македонец (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи со специјално изработени копачки кои го носат потписот на македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“.

Станува збор за уникатен модел од серијата „OneOfAKindS“, инспириран од легендарниот прекар на Џеко – „Босанскиот змеј“. Копачките се украсени со рачно изработени детали во сина боја, елементи од националното знаме на Босна и Херцеговина, како и со акценти од 18-каратно течно злато.

Златните детали имаат симболично значење и ја претставуваат величината на Џеко, неговата лидерска улога и неизбришливата трага што ја остави во светот на фудбалот во текот на својата богата кариера.

„Един е еден од најголемите спортисти што ги дал Балканот. Покрај тоа што е врвен фудбалер и лидер, тој е и исклучителна личност. Овој проект ни беше особено важен бидејќи долго време беше меѓу нашите најпосакувани соработки. Сите спортисти со кои сме работеле се вистински великани во своите спортови и генерации, а преку ваквите проекти и Македонија на свој начин ќе биде дел од Светското првенство“, изјави Грабулоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови