Домаќинот на Светското првенство, Канада, вечерва го започнува својот настап на Мундијалот со дуел против Босна и Херцеговина во рамките на првото коло од групата Б. Натпреварот ќе се игра во Торонто со почеток од 21 часот по македонско време, а во истата група се наоѓаат и Катар и Швајцарија.
Пред почетокот на натпреварот ќе биде организирана и свечена церемонија по повод отворањето на мундијалските натпревари што се играат на канадско тло.
За Канаѓаните ова е трето учество на светските првенства и второ по ред, откако настапија и на шампионатот во Катар пред четири години. Од друга страна, Босна и Херцеговина е дел од светската фудбалска елита по вторпат во својата историја, по дебитантскиот настап на Мундијалот во 2014 година.
Селекторот на Канада нема да може да смета на двајца важни фудбалери. Поради повреди надвор од комбинација се Алфонсо Дејвис и Мојс Бомбито, додека кај Босна и Херцеговина ќе отсуствува Харис Табаковиќ.
Посебно внимание привлекува можниот настап на ветеранот Един Џеко, кој и на 40-годишна возраст е дел од националниот тим. Тој е еден од само двајцата играчи кои останаа во репрезентацијата од историскиот настап на Босанците на Светското првенство во Бразил во 2014 година, заедно со поранешниот дефанзивец на Арсенал, Сеад Колашинац.
Канада во одлично расположение го дочекува стартот на турнирот. Во последните пет натпревари забележа две победи и три нерешени резултати, при што постигна шест, а прими само три гола. На спротивната страна, Босна и Херцеговина покажа голема стабилност, но и недостаток на завршница, откако во претходните пет средби забележа пет последователни ремија, меѓу кои и дуелот без голови против Македонија во Сараево.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













