Connect with us

Еди Хау добива отказ од Њукасл

Раководството на Њукасл донесе одлука да ја прекине соработката со менаџерот Еди Хау. Англискиот стратег важи за еден од најомилените луѓе во клубот, а низ годините неколкупати ја докажа својата лојалност, одбивајќи понуди од англиски гиганти, па дури и можноста да стане селектор на Англија.

Според информациите, Еди Хау бил сериозно разочаран од потезите на управата во летниот преоден рок. Продажбата на Сандро Тонали, како и преговорите за трансфер на Бруно Гимараеш во Арсенал, предизвикале незадоволство кај искусниот тренер, кој добил уверувања дека клубот ќе донесе квалитетни замени, но тие ветувања не биле исполнети.

Несогласувањата меѓу Хау и клупските челници прераснале во сериозен конфликт, по што било одлучено соработката да биде прекината. Официјалната потврда за разделбата се очекува во текот на денешниот ден.

Сопствениците од Саудиска Арабија веќе имаат подготвено наследник. Нивен прв избор е 38-годишниот германски стратег Матијас Јаисле, кој од 2023 година го предводи Ал-Ахли, клуб што е дел од истата сопственичка структура како и Њукасл.

Јаисле досега работеше исклучиво во Австрија и Саудиска Арабија. Кариерата ја градеше во Лиферинг и во Салцбург, пред да се пресели во Ал Ахли. Доколку биде назначен, тоа ќе биде негов прв ангажман во Премиер – лигата, каде што ќе се соочи со огромен притисок и високи очекувања од навивачите на Њукасл.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови