По назначувањето на новиот тренер, Шкендија се соочи со уште една важна промена. Тетовскиот клуб остана без еден од своите клучни фудбалери, откако Лиридон Љатифи и официјално стави крај на двегодишната етапа во црвено-црниот дрес.
Љатифи беше меѓу најзаслужните за успесите на Шкендија во изминатиот период, вклучувајќи го историскиот пласман во Конференциска лига, како и освојувањето на шампионската титула во сезоната 2024/25.
Во штотуку завршената сезона во Првата македонска фудбалска лига, левокрилниот офанзивец одигра 30 натпревари и зад своето име запиша седум погодоци и седум асистенции, потврдувајќи ја својата важна улога во играта на тетовскиот состав.
Со неговото заминување, Шкендија останува без еден од најискусните и најпродуктивни играчи во офанзивната линија, а раководството ќе мора брзо да пронајде соодветна замена пред почетокот на новата сезона и европските предизвици.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













