Рома запиша тесна, но исклучително значајна победа против Комо со 1-0 на „Олимпико“, во последниот меч од 15. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент се случи во 61. минута, кога бразилскиот бек Весли Франса со силен и прецизен удар ја испрати топката во мрежата и му ги донесе целиот плен на римскиот состав.
🟡⚽️🔴
— شبكة روما إلى الأبد (@Roma4EverNET) December 15, 2025
فيديو – الهدف الأول للذئاب بتوقيع ويسلي 60’ 🐺 #روما_كومو 1 – 0 #R4ELive pic.twitter.com/PoOGZ8YbPh
Со овие три бода, „волчицата“ се врати на победнички колосек по двата врзани порази од Наполи и Калјари и сега се искачи на четвртата позиција на табелата со 30 бодови, на само три бода зад водечкиот Интер.
Комо, од друга страна, го забележа вториот пораз по ред, по убедливиот неуспех против Интер во претходното коло, и остана седми со 24 бодови.
Првиот дел мина со малку закани кон двата гола.
Во акцијата што резултираше со погодок, се истакна сè поконзистентниот и покреативен Матијас Суле. Тој прецизно го проигра Ренш по левата страна, Холанѓанецот проби и нафрли во казнениот простор, каде Суле со гради ја прими топката и веднаш ја остави за Весли Франса, кој од околу 13 метри со удар од прва ја смести во спротивниот агол.
Рома, заедно со лидерот Интер, е единствениот тим во Серија А кој сезонава сè уште нема реми, со биланс од 10 победи и пет порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













