Connect with us

Две ѕвезди го напуштаат Манчестер Сити на крајот од сезоната

Манчестер Сити се врати во борбата за титулата, пред сè поради слабата форма на Арсенал, кој испушти голема предност на табелата.


Доколку „граѓаните“ вечерва го совладаат Барнли, ќе имаат ист број бодови како „топчиите“.
Сепак, во тимот на шпанскиот стратег има и играчи кои го разочарале со своите настапи.


Омар Мармуш и Тијани Рејндерс пристигнаа во клубот како големи засилувања. Заедно беа платени 130 милиони евра (75 + 55), но досега не успеаја да се наметнат на теренот. Поради ова, најверојатно ќе мора да си заминат од „Етихад“ по завршувањето на сезоната.


Иако сигурно ќе има интерес од други клубови, останува прашањето дали Сити ќе успее да ја поврати инвестицијата во нив двајца.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови