Сагата околу иднината на Душан Влаховиќ доби конечен епилог. Српскиот напаѓач нема да го продолжи договорот со Јувентус и на крајот од месецот ќе го напушти клубот како слободен агент, пренесува „Скај Спорт“.
Според информациите, на последната средба меѓу челниците на Јувентус и претставниците на фудбалерот, меѓу кои бил и неговиот татко, не бил постигнат договор околу новата соработка. Главната пречка биле финансиските услови.
Италијанските медиуми објавија дека Влаховиќ барал годишна плата од 8 милиони евра, како и значителен бонус за потпис, додека „старата дама“ понудила договор вреден 6 милиони евра плус дополнителен милион преку бонуси. За потсетување, досегашната заработка на 26-годишниот голгетер изнесуваше 12 милиони евра по сезона.
По неуспешните преговори, двете страни решиле да тргнат по различни патишта, а во моментов не се планирани нови разговори.
Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година од Фиорентина во трансфер вреден околу 85 милиони евра. Во дресот на торинскиот гигант одигра 168 натпревари, постигна 68 голови и запиша 16 асистенции, а во својата колекција додаде и еден трофеј во Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













