Непосредно пред стартот на пролетниот дел од сезоната, струмичка Беласица се одлучи да ангажира две одлични засилувања за офанзивната линија.
Поранешниот македонски репрезентативец Душан Савиќ и Бразилецот Виеира Да Силва се најновите фудбалери на „сините“ од Струмица кои треба да донесат освежување во тимот на Раде Цицмиловиќ.
21-годишниот Да Силва е поранешниот фудбалер на Гремио, а 33-годишниот Савиќ, пак, е добро познато име во Струмица. По 13 години повторно се враќа во својата Беласица. Во кариерата Савиќ настапуваше и за Победа, Вардар, Работнички…, но и романски Брашов, корејскиот Инчон како казахстанските Жетису, Тобол и Актобе. Изминатава година беше во српски Земун од каде сега повторно се враќа во Беласица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski