Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд нема добиено официјална понуда од Арсенал за крилниот напаѓач Џулијан Брант. Тој е една од желбите на менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, како можно засилување за Арсенал во зимскиот преоден рок. Но, спортскиот директор на германскиот тим Михаел Цорк вели дека досега нема никакви преговори меѓу двата клуба.
„Прочитав и јас во медиумите дека Арсенал е заинтересиран за нашиот фудбалер. Но, нема се уште официјална понуда, ниту било какви преговори. Оттаму, нема и што да се коментира се додека ситуацијата не се промени“, изјави Михаел Цорк.
Медиумите на Островот најавуваат дека Артета е сериозно заинтересиран за ангажман на Џулијан Брант, посебно откако пропадна обидот да биде доведен Хусем Ауар од Лион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













