Голманот на Манчестер Сити и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, е прогласен за најдобар голман во светскиот фудбал за 2025 година од страна на ФИФА. Во изминатата сезона Донарума освои тројна круна со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен, Лигата на шампионите, титулата и Купот на Франција.
Номинирани за наградата беа и Алисон (Ливерпул и Бразил), Тибо Куртоа (Реал Мадрид и Белгија), Емилијано Мартинез (Астон Вила и Аргентина), Мануел Нојер (Баерн Минхен и Германија), Давид Раја (Арсенал и Шпанија), Јан Зомер (Интер и Швајцарија) и Војчех Шчесни (Барселона и Полска).
Gianluigi Donnarumma is crowned #TheBest FIFA Men's Goalkeeper 2025! 🧤
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) December 16, 2025
„Исклучително сум горд што сум прогласен за најдобар во светот, и тоа пред вакви извонредни голмани, кон кои имам огромна почит и восхит. Ова беше неверојатна година која долго ќе ја паметам. Прекрасно е да бидам признаен за мојата улога во успесите постигнати во овој период“, изјави Донарума.
За најдобра голманка во женска конкуренција беше избрана Хана Хемптон. 25-годишната фудбалерка имаше огромен придонес Англија да стане европски шампион, откако Британките двапати победија по изведување пенали – во четвртфиналето против Шведска и во финалето против Шпанија. Со Челси таа исто така освои тројната круна, откако „сините“ триумфираа во првенството, ФА Купот и Лига купот.
Церемонијата за доделување на наградите „The Best“ на ФИФА ќе се одржи вечерва, на 16 декември, во Доха, Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Фулкруг го разби бункерот на Лече
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Лео Меси откри каде ќе ја заврши кариерата
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг













