Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе присуствува на ждрепката за Светското првенство следното лето, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Церемонијата е закажана за петок во „Кенеди Центар“ во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско време. Веста за присуството на шефот на државата ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролајн Левит.
Светското првенство се претвори во централен настан во вториот мандат на Трамп, но тој имаше и контроверзни изјави, предлагајќи дел од натпреварите да се преместат затоа што според него не треба да се играат во градови кои не обезбедуваат целосна безбедност. Меѓу домаќините има и градови кои се бастиони на Демократската партија, како Лос Анџелес, Сан Франциско и Сиетл.
Делегацијата од Иран објави бојкот на церемонијата за ждрепката поради тоа што на дел од предвидените учесници им беа одбиени визи. Ова произлегува од одлуката на САД од минатиот јуни да им забрани влез на граѓани од 19 држави, меѓу кои се Иран и Хаити, кои учествуваат на Мундијалот.
Според правилата на ждрепката, лидерите на ФИФА ранг-листата, Шпанија, Аргентина, Франција и Англија, ќе бидат прво поставени во своите групи, заедно со земјите домаќини на турнирот, и нема да можат да се сретнат меѓусебно пред полуфиналето доколку ја освојат својата група.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













