Connect with us

Донадони на клупата на Ференцварош?

Поранешниот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Донадони, би можел да биде нов тренер на унгарскиот првак Ференцварош. Најпознатиот унгарски клуб на доминантен начин стигна до шампионскиот трофеј, но и покрај тоа можно е да се раздели со тренерот Сергеј Ребров.

Медиумите во Унгарија најавуваат дека Роберто Донадони е во сериозни преговори за да го преземе кормилото на Ференцварош. Тој досега беше тренер на кинескиот Шенжен, откако претходно комплетната тренерска кариера ја градеше на Апенините. Во периодот од 2006 до 2008 година беше селектор на „аѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови