Мајкл Олисе испиша историја на Светското првенство 2026, откако го надмина рекордот на легендарниот Пеле за најмногу асистенции на еден Мундијал.
Францускиот репрезентативец запиша седум асистенции на турнирот и го надмина достигнувањето на Пеле од Светското првенство во 1970 година, кога бразилската легенда имаше шест големи додавања. Статистиката на „Опта“ за светските првенства се следи од Мундијалот во 1966 година.
И покрај тоа што Франција не успеа да стигне до финалето, Олисе имаше фантастичен турнир и го забележа третото најдобро остварување по број на асистенции во историјата на Светските првенства.
Пред него на вечната листа се само Рајмон Копа, кој имаше осум асистенции на Мундијалот во 1958 година, и Фриц Валтер со осум асистенции на Светското првенство во 1954 година.
Уште поимпресивен е податокот дека пет од седумте асистенции на Олисе беа наменети за Килијан Мбапе. Тоа е рекорд за најмногу голови создадени од еден играч за друг во рамките на едно Светско првенство во периодот што го опфаќа статистиката на „Опта“.
На Светското првенство 2026 останува да се одигра уште само еден натпревар. Вечерва, 19 јули, од 21 часот по македонско време, Аргентина и Шпанија ќе се соочат во големото финале за светската титула.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













