Connect with us

Доделени трофеите за најдобрите тимови во регионалните лиги за најмладите категории

По завршувањето на сезоната во првенствата за најмладите генерации фудбалери во Македонија денеска на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски беа доделени пехарите за шампионите во регионалните лиги за петлиња(генерација 2011 г.) и помлади петлиња(ген. 2012).

Пехарите беа доделени од страна на Техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов, членот на УО и претседавач на младинска комисија на ФФМ Дарко Костовски,  како и од членовите на младинската комисија на Федерацијата: Седадин Али, Сашко Бајлозов, Јовица Неловски, Туши Дервиши и Филип Колеќески.

На церемонијата трофеите им беа доделени на ФК Албарса (Скопска А лига 2011 – петлиња), ФК Шкупи (Скопска Б лига, 2011 – петлиња), ФК Карев (Скопска А лига, 2012 – помлади петлиња), ФК Куманова – Милано (Скопска Б лига 2012 – помлади петлиња), ФК Студеничани (Скопска А 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Нова Колонија (Скопска Б 2011-2012, петлиња-помлади петлиња), ФК Мал Ајакс – Вардар Штип (Југоисточна лига 2011-2012, петлиња – помлади петлиња),

ФК Фит Кид (Полошка А лига 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Есс (Полошка Б лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Вондеркидс (Пелагониска лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Пелистер (Езерска лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови