Брегалница и Кит Го го играат денеска дербито од 21. коло во Втората лига – Исток. Поради реконструкцијата на Градскиот стадион во Штип, големата пресметка меѓу двата од поодамна „братски тима“ но, во исто време, и сериозни ривали денеска од 16 часот се игра во Велес.
Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Добринко Илиевски – Пижон, по двете едноподруго победи на пехчевци верува во продолжување на позитивната серија но потенцира дека ќе биде неизвесен, тежок, дуел во кој двете екипи влегуваат со подеднакви шанси за победа.
„Очекувам интересен натпревар на две квалитетни екипи. Мислам дека со израмнети шанси за триумф влегуваат двете страни во пресметката, но секако јас искрено верувам и се надевам во позитивен резултат на мојот тим“ – вели Илиевски пред дербито.
Натпреварот меѓу Брегалница и Кит Го ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а ќе му помагаат сограѓаните Тоше Ицев и Душко Панов. Четврти судија е Зоранчо Темелков, исто така од Кавадарци, а делегат – Рами Реџепи од Липково.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













