Connect with us

До вчера бранеше за англиски нисколигаш, а сега ќе стане крал на својата земја

Капитенот на англискиот нисколигаш СЕ Донс од Бекслихит, Џорџ Камураси, наскоро ќе стане крал на африканското кралство Торо, кое е дел од Уганда.

Кралството Торо има околу 800.000 жители, а неговата современа форма е воспоставена во 1995 година. Новиот омјукама, односно крал, ќе биде 36-годишниот фудбалер Џорџ Камураси Дезмонд Дејвид.

Одлуката ја донел Одборот за кралско наследство со 15 од вкупно 19 гласа, откако неговиот претходник, кралот Ојо Нимба Кабамба Игури Рудики IV, почина пред неколку дена. Починатиот крал му бил братучед на Камураси.

Камураси неодамна беше на голот на својот тим во натпреварот од квалификациите за ФА Купот против Ерит Таун, кој СЕ Донс го доби со 2-0. Сега, сепак, ќе мора да ја напушти Англија за да ја преземе кралската функција во својата татковина.

Интересно е што пред неколку дена се појавија информации дека Камураси размислува да ја одбие понудената чест, бидејќи сака да остане во Англија со своето семејство.

Наводно, никој не се консултирал со него пред да биде избран за нов крал, па тој размислува да го одбие крунисувањето. Таквиот потег би се сметал за абдикација, што според традицијата на народот Бабито би можело да предизвика сериозен проблем за кралството.

Неговиот претходник, кралот Ојо Нимба Кабамба Игури Рудики IV, почина пред десетина дена во САД, каде што се лекувал од агресивна форма на рак. Имаше само 34 години, а беше погребан минатата сабота – на денот кога требаше да ја одбележи годишнината од своето крунисување.

Ојо Нимба Кабамба Игури Рудики IV стана крал на угандското кралство Торо кога имал само три години, додека официјално беше крунисан на 18-годишна возраст. Во моментот на неговата смрт беше најмладиот монарх во светот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови