Connect with us

Диоманде: Мојот идол е Кристијано Роналдо

Новото големо засилување на Реал Мадрид, 19-годишниот Јан Диоманде, откри кој е неговиот омилен фудбалер во историјата на „кралскиот клуб“.

„Мој омилен играч на Реал Мадрид? Toa e Кристијано Роналдо“, изјави Диоманде.

Португалската суперѕвезда го носеше дресот на Реал Мадрид од 2009 до 2018 година и остави незаборавна трага во историјата на клубот. Во тој период Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на „кралскиот клуб“ и освои бројни трофеи.

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на Диоманде на 6 август. Младиот крилен напаѓач потпиша договор со клубот до летото 2033 година.

Според информациите на медиумите, Реал Мадрид за неговиот трансфер ќе плати 125 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони евра во бонуси.

Доколку се реализираат сите бонуси, Диоманде ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид.

Сега младиот фудбалер ќе има можност да го следи патот на својот идол и да ја испише сопствената приказна на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови