Connect with us

Диоманде ќе стане најскап фудбалер на Африка, Реал за него ќе плати 130 милиони евра

Реал Мадрид е на чекор до комплетирање на трансферот на Јан Диоманде. Шпанскиот и германскиот клуб ги договориле главните услови за преселбата на крилниот напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“, а останува да се финализираат само неколку детали пред трансферот да стане официјален.

Според „Скај Спортс Германија“, вкупната вредност на зделката, заедно со бонусите, ќе изнесува меѓу 130 и 140 милиони евра.


Реал Мадрид и РБ Лајпциг во моментов ја усогласуваат структурата на исплатата.

Откако ќе биде постигнат конечен договор, Диоманде ќе добие дозвола да отпатува во Мадрид на лекарски прегледи, по што ќе го потпише договорот со „кралскиот клуб“.

За Лајпциг ова ќе биде најголемата продажба во историјата на клубот. Воедно, Диоманде ќе стане и најскапиот африкански фудбалер досега, надминувајќи го трансферот на Николас Пепе, за кого Арсенал во 2019 година му плати на Лил околу 80 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови