Трансфер-сагата околу Јан Диоманде конечно е пред самиот крај. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска веќе отпатува за Мадрид, каде што ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи и ќе го стави потписот на долгорочниот договор со Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ по долги и сложени преговори успеа да постигне конечен договор со Лајпциг, откако беа надминати сите преостанати пречки што го одложуваа реализирањето на трансферот.
Диоманде уште пред десетина дена ги договорил личните услови со шпанскиот гигант, но административните детали и прашањата поврзани со неговиот поранешен агент го забавија комплетирањето на зделката.
Според најавите, Реал Мадрид ќе плати повеќе од 120 милиони евра за неговите услуги, со што 19-годишниот офанзивец ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.
Познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо потврди дека Диоманде веќе е на пат кон шпанската престолнина, објавувајќи фотографија од фудбалерот во авион.
Се очекува младиот напаѓач во текот на денешниот или утрешниот ден да ги заврши лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со Реал Мадрид со важност до летото 2032 година.
Веднаш по официјализацијата на трансферот, Диоманде ќе му се приклучи на тимот на подготовките за новата сезона, во која од него ќе се очекува да ја оправда рекордната инвестиција.
Во Лајпциг, пак, можат да бидат задоволни од завршената работа, бидејќи со продажбата на Диоманде клубот ќе инкасира рекордна сума што ќе биде искористена за нови засилувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













