Connect with us

Динамо Загреб веќе е во плејофот за ЛШ, Спарта Прага подобра од Лион

Динамо Загреб практично го обезбеди местото во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, откако со убедливи 5-0 го декласираше Кауно Жалгирис на првиот натпревар.

Избраниците на Марио Ковачевиќ одиграа одличен меч и не му оставија никакви шанси на противникот. Во листата на стрелци се запишаа Миха Зајц, Скот Мекена, Матео Лисица, Лука Стојковиќ и Лукас Качавенда.

Реваншот во Каунас следува за една недела, но по ваквата убедлива предност тешко е да се очекува неизвесност околу патникот во следната рунда.

На останатите натпревари, Ројал Унион Сен Жил и Бодо/Глимт одиграа возбудлив натпревар што заврши без победник, 3-3. Спарта Прага со 2-1 го совлада Лион, додека Олимпијакос и НЕК Нијмеген ремизираа без голови (0-0).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови