Фабио Канаваро веќе не е тренер на Динамо Загреб. Веста прво ја објавија хрватските медиуми, а наскоро се очекува и официјална потврда од клубот. Разрешувањето на поранешниот италијански репрезентативец доаѓа по само три месеци на клупата, во период во кој тимот бележеше нестабилни резултати и претрпе неочекувани порази.
Иако спортскиот директор Велимир Зајец само пред два дена тврдеше дека Канаваро ќе добие шанса барем до натпреварот со Осијек, раководството на хрватскиот шампион денеска донесе поинаква одлука. Откако не успеа да ја стабилизира формата на екипата, а особено по шокантниот пораз од Истра во Пула (0-3), довербата во италијанскиот стратег очигледно исчезна.
Канаваро, кој на клупата на „модрите“ дојде со амбиција да ја освои титулата и да го врати тимот на европската сцена, одигра вкупно 14 натпревари, со биланс од седум победи и пет порази. Меѓу неговите најзабележителни моменти останува победата над Милан, но и серијата слаби настапи кои кулминираа со загубената доверба на управата.
Кој ќе го наследи Канаваро останува непознато. Изборот на нов тренер ќе зависи од идниот спортски директор, кој според најавите ќе биде именуван во текот на денот или најдоцна утре. Во меѓувреме, тимот веројатно ќе го предводи Сандро Перковиќ, досегашниот помошник на Канаваро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













