Балканскиот гигант Динамо Загреб е заинтересиран за доведување на голманот Лука Зидан (27), син на легендарниот француски ас Зинедин Зидан. Загрепскиот клуб наводно е подготвен да понуди два милиони евра за голманот на шпанскиот второлигаш Гранада, пишува „АС“.
Главната приказна на зимскиот преоден рок е враќањето на голманот Доминик Ливаковиќ (30) во Динамо Загреб, но најверојатно нема да се оствари. Поради тоа раководството бара други солуции.
Според пишувањата на Шпанците, алжирскиот репрезентативен голман Лука Зидан го заинтересирал претседателот Звонимир Бобан и раководството на клубот. Синот на славниот Зинедин Зидан стана репрезентативец на Алжир пред неколку месеци, откако не доби шанса во репрезентациите на Шпанија и Франција.
Селекторот Владимир Петковиќ веднаш му додели улога на прв голман, а повикот за Африканскиот куп на нации дополнително ја зголеми неговата вредност, додека настапите во националниот дрес привлекоа внимание од неколку клубови низ Европа.
Динамо е подготвен да понуди два милиони евра за да го доведе Зидан оваа зима во Загреб, иако наводно преговорите сѐ уште се во почетна фаза.
Лука Зидан ја помина академијата на Реал Мадрид, бранеше за резервниот тим и има два настапи за првиот состав. Во 2020 година замина во Рајо Ваљекано, а во 2022 во Еибар. Летото 2024 стана член на Гранада, за која оваа сезона има 14 настапи, 18 примени голови и четири натпревари во кои ја зачува чистата мрежа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













