Тренерот на Тиквеш, Љупчо Димитковски не го криеше задоволството од големата победа на неговиот тим во дерби пресметката против Брегалница на гостински терен.
Кавадарчани на тој начин, и по одличната мината сезона, потврдија дека се најсериозниот кандидат за прволигашка промоција запоседнувајќи го сега по пет одиграни натпревари лидерското место во Втората лига – Исток.
„Одигравме согласно договореното, тактички прецизно па сосема заслужено се враќаме со трите бода. Секој поединец беше на своето ниво, ја потврдивме хемијата во тимот, но мора да се нагласи и дека нашиот чувар на мрежата беше одличен на голот. Се покажа дека голманот е половина екипа“ – истакна Димитковски, дополнувајќи дека тимот во ист ритам мора да продолжи и во продолжението од шампионатот.
„Тиквеш продолжува во ист стил, и сигурно и на секој следен дуел одиме на победа сезонава“.
Во следното, 6. коло од Втората лига – Исток, Тиквеш на 28. септември гостува на Саса во Македонска Каменица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













