Connect with us

Димитар Митровски стрела и асистира, Југослав Тренчовски диригира – Олимпија Љубљана победува

Олимпија игра одлично во словенечката елита, а во големото дерби на гостувањето кај Копер стигна до убедлива победа од 1-3.

Тимот од Љубљана, кој од клупата го предводи македонскиот стратег Југослав Тренчовски, одигра одличен втор дел и со три гола во продолжението го скрши отпорот на домаќинот.

Во центарот на вниманието повторно беше Димитар Митровски. Македонскиот репрезентативец во 52. минута асистираше за Цуни, кој ја затресе мрежата за 0-1.

Само две минути подоцна Митровски ја презеде улогата на стрелец. Македонецот погоди за 0-2 и ја најави победата на Олимпија.

Копер успеа да врати еден гол, но гостите не дозволија пресврт. Во финишот двата тима постигнаа по уште еден погодок, па Олимпија заслужено славеше со 1-3.

За Југослав Тренчовски ова е уште еден одличен резултат во серијата која повторно ја направи Олимпија сериозен фактор во словенечкиот шампионат иако имаше очаен старт на сезоната.

По новите три бода, Олимпија стигна до 14 бодови и се искачи на третото место, со само два бода помалку од лидерот Марибор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови