Connect with us

Димитар Митровски на проба во Партизан

Поранешниот младински репрезентативец Димитар Митровски се наоѓа на пробен период во Партизан. Еден од најталентираните фудбалери во селекцијата У21 од минатиот циклус, во моментот е слободен агент откако замина од Спортинг Лисабон.


Тој би можел да потпише за Партизан и по завршувањето на преодниот рок со оглед дека има слободни документи.

Митровски ја почна во Работнички, потоа замина во младинските тимови на Ханза Рошток и на Магдебург, а оттаму заврши во Спортинг Лисабон. Сепак, не успеа да се наметне за да избори место во сениорскиот тим на португалскиот шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови