ФК Пелистер го почнува својот нов проект за сезоната 2026/27 со изборот на новиот претседател.
По оставката на раководството на клубот и стручниот штаб, прва задача на акционерот – Општина Битола е изборот на новиот претседател. По заминувањето на Александар Стефановски довербата да го води клубот му е доверена на Димитар Митревски.
Единствениот и за нас најдобриот кандидат за претседателското место, на наше задоволство, прифати да го предводи проектот и заеднички да се обидеме да го вратиме клубот во самите височини на македонскиот фудбал.
Митревски има 45 години, зад себе остварил успешни проекти од сферата на маркетингот и спортот, а во јавноста најпознат е по раководењето на РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер.
Тој веднаш ќе започне со работа и наскоро ќе го објави и планот на работа и ќе го избере новиот шеф на стручниот штаб.
Клубот ќе го официјализира и стартот на подготовките и планот на припреми ова лето.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













