Connect with us

Диего Симеоне сака да го доведе Ник Волтемаде во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид би можел повторно сериозно да интервенира во нападот во текот на летниот преоден рок, а едно од имињата што се наоѓа високо на листата на желби е Нико Волтемаде од Њукасл.

Шпанските медиуми тврдат дека клубот од Мадрид планира најмалку едно ново офанзивно засилување, но не е исклучено да пристигнат и повеќе напаѓачи, особено ако во текот на летото замине некој од актуелните офанзивци.

Иднината на Хулијан Алварез и Александар Сорлот сè уште не е целосно сигурна, а токму евентуалната продажба на Сорлот би можела да отвори простор за нов трансфер.

Норвежанецот имаше важна улога во системот на Диего Симеоне во последните две сезони, но раководството е подготвено да ги разгледа понудите што би пристигнале за него.

Според германски „Билд“, Атлетико повторно го активирал интересот за Волтемаде, кого го следел уште во периодот кога настапуваше за Штутгарт.

Германскиот напаѓач минатото лето пристигна во Англија во трансфер вреден повеќе од 75 милиони евра, но во својата прва сезона во Њукасл не доби континуирана минутажа и често беше користен надвор од својата природна позиција.

Според шпанските извори, англискиот клуб би барал приближно иста сума за евентуална продажба, а Атлетико би можел да обезбеди дел од потребните средства доколку го продаде Сорлот за сума меѓу 30 и 35 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови