Connect with us

Диего Форлан е нов селектор на Уругвај

Легендата на уругвајскиот фудбал Диего Форлан беше официјално назначен за селектор на репрезентацијата на Уругвај. Веста ја соопшти Уругвајската фудбалска асоцијација (АУФ) и доаѓа по разочарувачкиот настап на тимот на Светското првенство 2026, кое заврши со елиминација уште во групната фаза.

Форлан ќе го наследи Марсело Биелса, кој се повлече по серија скандали. Засега Диего Форлан е привремен селектор на машката репрезентација на Уругвај, бидејќи е назначен и за тренер на репрезентацијата до 20 години. Се претпоставува дека кога федерацијата ќе го пронајде вистинскиот човек за првиот тим, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид ќе се посвети исклучиво на работата со младинската репрезентација на Уругвај.

Треба да се напомене дека 47-годишниот Форлан може да остане трајно на чело на својата репрезентација, но за тоа ќе треба да оствари добри резултати во наредните месеци.

Досега Форлан има скромна тренерска кариера, водејќи ги по неколку месеци уругвајските клубови Пењарол и Атенас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови