Договорот на Пауло Дибала со Рома истекува следното лето, а иднината на аргентинскиот напаѓач останува неизвесна. Според информациите, фудбалерот веќе започнал преговори со клуб од својата татковина.
Со оглед на тоа што неговата соработка со „џалоросите“ завршува во јуни, Дибала има право слободно да преговара со кој било клуб за продолжување на кариерата. Во моментов аргентинската ѕвезда е надвор од терените поради повреда.
Како што информираат италијанските медиуми, офанзивецот е во контакт со Бока Јуниорс. Овој развој на настаните би значел негово враќање во Аргентина по 14 години минати во Европа, каде што се пресели за да настапува за Палермо.
Во меѓувреме, Рома размислува за можноста да му понуди нов договор, но под значително намалени финансиски услови. Случајот го следат и други европски клубови. Во тековната сезона Дибала има 22 настапи во дресот на римскиот тим, со ефект од три голови и четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













