Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија е на пат да игра во четвртата од петте најсилни европски лиги. Тој ги брои последните недели во ПСЖ откако „светците“ решија да не го продолжат договорот со крилниот напаѓач иако тој се уште е меѓу најдобрите играчи на тимот.
По опоравувањето од повредата, 33-годишниот фудбалер се врати против Анже и одигра одличен натпревар и уште еднаш ја потврди својата класа без разлика на возраста.
Според информациите од Апенините, нова станица за Ди Марија ќе бидат италијанската Серија А и тимот на Јувентус.
Фантастичен асистент и дриблер е токму она што и е потребно на „старата дама“ по заминувањето на Дибала, а тој би бил совршено решение за играта која му е потребна на Душан Влаховиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













