Connect with us

Ди Марија: Марадона ми беше тренер, но мислам дека играв со најдобриот во историјата, Лео Меси

Ди Марија: Марадона ми беше тренер, но имам играно со најдобриот — Лео Меси

​Уште една од големите легенди на Аргентина, Анхел Ди Марија, му се заблагодари на својот добар пријател Лионел Меси за сè што направи за аргентинскиот фудбал. Тој го направи тоа неколку часа пред простувањето на генијот од својата татковина.

​„Денес видов слики и видеа од Лео. Го гледам толку среќен и спокоен, знаејќи дека даде сè од себе — тоа нè прави среќни. Така што, тој треба максимално да ужива, а ние треба да му бидеме благодарни до крајот на животот“, коментираше поранешниот играч на Реал Мадрид.

​„Му кажав дека ќе дојдам на натпреварот со Бенин. Ќе се видиме пред мечот. Ќе го гледам од страна и ќе уживам во тоа шоу како сите Аргентинци. Знам дека минавме многу години заедно и за мене е гордост што Диего Марадона ми беше тренер и што имам играно со најдобриот фудбалер во историјата — за мене тоа е Лео“, изјави Ди Марија.

​Тој раскажа и како било да се биде соиграч со Меси и во ПСЖ помеѓу август 2021 и јули 2022 година

„Многу уживав во времето кога бев во Париз таа година. Секодневието не е исто како да минеш неколку дена заедно и потоа да си заминеш. Имав можност да живеам со него и да споделувам многу работи. Останувам со тоа пријателство и со радоста што тој успеа да постигне сè со репрезентацијата“, изјави крилниот напаѓач.

​„Лео може да игра додека сака. Понекогаш се носат одредени одлуки, но мислам дека неговиот избор е потполно исправен“, заврши Ди Марија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови