Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија најави можност да игра во ист клуб со Лионел Меси. Со оглед дека Барселона е во големи долгови, а Меси размислува за заминување од „Камп Ноу“, многу пореално е од следната сезона двајцата да играат за Пари Сен Жермен.
„Отсекогаш сум сакал да играм со Меси во ист клуб. Кога сме во репрезентацијата на Аргентина тоа време ми се чини многу кратко и посакувам да можам да бидеме клупски соиграчи. Отсекогаш сум сакал секој ден да можам да тренирам со него. Имав можност во кароерата да играм со Кристијано Роналдо, со Нејмар и со Мбапе. Ако добијам шанса да бидам клупски соиграч и со Меси, потоа би можел да се пензионирам“, изјави Анхел Ди Марија за аргентинските медиуми и повторно ја отвори темата за преселба на Лео Меси во Париз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер Мајами го доведе Серхио Регилон
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













